„Со целокупниот процес и изнуда што беше правен од страна на оваа злосторничка група, предводена од Бојан Јовановски и Катица Јанева, јас бев жртва“, изјави Орце Камчев по денешното рочиште за случајот „Рекет“ каде што тој се појави како сведок.
Тој вели дека немало директно присуство на ниту еден политичар конкретно за „Империја“, но истото не може да го тврди и за истрагата за случајот со „Рекет 2“.
Камчев во судницата рече дека спогодба му било нудено од Бојан Јовановски, но не и од Катица Јанева.
„Не можам д аја обвинам Катица Јанева дека ми нудела спогодба кога не ми нудела, ми нудеше Бојан Јовановски а јас ја слушав Катица Јанева како што реков таа со него разговарала на телефон за работа што е невозможно да се изведе. Јас сум свесен паметен човек, сфатив дека е игра помеѓу двајцата, но во обвинителство таа не ми нудеше лично“, вели сведокот Орце Камчев.
Камчев во сведочењето истакна дека обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател, бизнисменот Ванчо Чифлиганец барала средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата „Адора“, со што на тој начин бил корумпиран.
„Кој потпишувал, Катица Јанева? – Давала налог на обвинител Лиле Стефанова? – Кога сам сум слушал како таа давала наредби на Лиле Стефанова кои што биле против законски. Доколку биле против законски тие наредби, тогаш зошто Лиле Стефанова не ја пријавила Катица Јанева кај Љубомир Јовески и зошто не го почитувала законот за обвинителство. Ајде објаснете ми, доколку тие наредби на Катица Јанева биле против законски и ја присилувала Лиле Стефанова, да го прави тоа што го правеше зошто таа не ја пријавила до надлежниот обвинител дека имала притисок од Катица Јанева“, вели Камчев.
За снимикте кои излегоа во јавноста вели дека тој ги предал до овластените институции, но од каде излегле во јавност не знаеше да каже.
„Како излегуваа документите од таму, јас немам ниту изјава моја, ниту сум имал снимки, јас ги предадов оригиналните хард дискови и снимки до обвинителството, кои подоцна оделе од обвинителство до Основен, од Основен и Апелација. Каде во тој круг излегле, тоа јас не можам да го кажам“, изјави по рочиштето Камчев.
Во своето сведочење Камчев спомена средба која се изреализирала во домот на Јовановски на кој бил присутен и актуелниот министер за здравство Венко Филипче, но тоа како што вели Камчев би не важен проект.
„Не важен е проектот, бидејќи Бојан Јовановски бладаше се што збори глупости и имаше идеја да прави јавни приватни партнерства, беше еден состанок, од мене не потврден, без интерес и министерот и тоа беше само муабет“, рече Камчев.
Тој најави дека ќе поднесе тужба за жртва и граѓанска тужба против Катица Јанева и Бојан Јовановски за враќање на парите. Судењето за случајот „Рекет“ продолжува во вторник на 10 ти декември.