Рекет: Камчев го опишува патот на ,,уцените “ – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/19 11:51 AM

Рекет: Камчев го опишува патот на ,,уцените “

Во кривичниот суд продолжи судењето за случајот ,,Рекет“

Сведокот  Орце Камчев во својот исказ, вели дека случајот ,,Империја” се одвивал низ три дејствија изнуда од Сашо Димишков, Ванчо Чифлиганец и Лиле Стефанова.

Камчев знаел дека го прислушуваат, а за тоа вели дека добил информација од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му ја определи мерката притвор за „Империја“.

Камчев до детали зборува за тоа како била почната истрагата за „Империја“ и дека Димишков преку директорот на една банка побарал да се сретне со него.

На средбата, тврди Камчев, Димишков му кажал дека е под ПИ-мерки и дека за тоа треба да плати 100.000 евра и рече дека добил список на понуди за укинување на притвор, за прекин на постапките, како и цена што треба да ја плати за секоја мерка.

Оваа понуда Камчев не ја прифатил.

Потоа објасни  како е конструиран “случајот Империја”.Бил исконтактиран во август 2018 година, односно добил понуда да соработува со Бојан Јовановски за реклама на болницата на 1ТВ. Истиот месец Камчев имал средба со Јовановски и Милевски ,на која средба Милевски му кажал на Камчев дека Боки 13 бил многу влијателен и дека треба да плати реклама.

Камчев одлучил дел од средствата да бидат префрлени. Станувало збор за 40 до 50 илјади евра, кои за Бојан Јовановски биле потценувачки. Потоа се договара нов состанок помеѓу Камчев и Јовановски, за нов бизнис план за Фешн Молови. Понудата била 2 милиони евра за потпишување договор, а вкупната понуда 4 милиони евра плус проценти. Кога му го понудил договорот му ја свртел  последната страница да му посочи кој ставил потпис. Станувало збор за синот на Катица Јанева и му рекол дека би било добро да размисли за бизнис планот за да нема проблеми. За таа понуда Камчев, преку Милевски рекол дека не е заинтересиран .

На Камчев му бил понуден и проектот за старечкиот дом.

На состанокот присутна била и Јасна Мандиќ, за овој проект за Камчев му биле побарани 4 милиони евра.  Милевски го советувал да прифати за да не се прави лоша реклама преку неговиот медиум. Камчев прифатил да му плати реклама, за која до ден денеска не видел никаков извештај. Камчев платил 170 илјади евра.

Камчев го нарече „Рекет“ конструиран случај од двајца режисери, Јанева и Јовановски.