Teпачка за паркинг во Неготино и физички напад во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/19 11:33 AM

Teпачка за паркинг во Неготино и физички напад во Кавадарци

Две лица од Неготино синоќа се степале поради паркинг место, а во Кавадарци физички било нападнато едно лице од свој сограѓанин,информираат од полицијата.

„ Синоќа околу 22.30 часот во Неготино на улица „Ацо Аџи – Илов“ бил нарушен јавниот ред и мир со викање и тепачка меѓу лицата И.А.(42) и М.В.(42), двајцата од Неготино, поради недоразбирање за паркинг место. По документирање на случајот против лицата ке биде поднесена соодветна пријава“ , информира  Додевски.

31 годишниот М.Д од Кавадарци утринава во кавадаречката полициска станица пријавил физички напад од свој сограѓани.

„Утрово,  во 4.10 часот во Полициската станица Кавадарци,  М.Д.(31) од Кавадарци пријавил дека околу 3.50 часот на улица „Цано Поп – Ристов“ бил физички нападнат од сограѓанинот Б.Ч.(27) “ вели Додевски.

По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

А.Д