Свечена обврска на 53 нови американски волонтери во земјава – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/19 8:31 AM

Свечена обврска на 53 нови американски волонтери во земјава

Педесет и три американски волонтери на Мировен корпус денеска во Скопје ќе дадат свечена обрска и ќе ја почнат службата во нашата земја.

Новите волонтери, како што најавува Мировниот корпус, ќе се приклучат на групата на повеќе од 800 волонтери, коишто досега служеле во земјата.

Во соопштението на Мировниот корпус се посочува дека ова е 24-та група на волонтери што ќе живеат и работат во Република Северна Македонија, од отворањето на канцеларијата во земјава во 1996 година.

МИА