Ситe општини од тетовско се заложиле и побарале од владата да се направи крак односно обиколница од тетовски Требош па се до Порој, Џепчиште односно Непроштено.
Градоначалникот на Теарце Исен Асани, рече дека владата на седницата која ја одржала во Тетово, имала слух за оваа идеја за која има изработено и проект, но најрпрвин треба да се направи рекатекоризација на патот, односно од локален да се пренамени во регионален.
Оваа информација ја потврди и Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Тој додаде дека се работи на повеќе проекти меѓу кои и реконструкција на регионалниот пат Тетово – Јажинце.
Кон граничниот премин Јажинце нема клучка каде возилата би го заобиколиле градот, па истите мора да поминуваат низ Тетово создавајќи дополнителни гужви и хаос.
Зоран Димовски