Теарце ќе добие нова секундарна водоводна мрежа, со што во иднина жителите повеќе ќе немаат потреба да се снабдуваат од река Бистрица во период на намалена издашност на изворите. Денеска започна да се реконструира на мрежата.
Поради намалената издашност на изворите, селото често пати се снабдуваше со вода од река Бистрица, која беше незаштитена па теарчани се соочуваа со разни тегоби како дијареа, мачнина повраќање.
Директорот на ЈКП Теарце, вели дека водата во Теарце се загадувала од несоодветното чистење на хидроцентралите на Шара.
Изминатово лето поради микробиолошка загаденот на водата, во Теарце за затруја над 350 жители.
Зоран Димовски