Канал 5: Акција во фирма на Камчев – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/19 12:53 PM

Канал 5: Акција во фирма на Камчев

Од утрово во тек е полициска акција  во три фирми, од кои две неодамна СДСМ ги споменуваше за наводен долг од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирањето на кампањата за последните претседателските избори, дознава Канал 5.

Според  првични информации, инспектори има во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Камчев. Се проверува уште една фирма, Горфактори од Шпанија, за која се уште нема информации во каква конкеција е со првите две.
Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат за текот на денот.
Канал 5 добил информација од адвокатот на Полиестедеј, кој информирал дека во компанијата на нивниот клиент денес нема присуство на инспектори.
Истиот адвокат ова го тврди и за компанијата Горфактори од Шпанија.

Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат за текот на денот. Канал 5 добил информација од  обвинителството кои сметаат дека најверојатно станува збор за акција организарана од МВР, и во моментов немаат повеќе информации, но доколку има елементи на кривично дело, ЈО ќе постапува.

Инаку, аферата се појави откако ревизорите ги објавија извештаите за претседателските избори. СДСМ, по ова ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски ја затвориле наменската сметка.

-Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборнио законик – рече тогаш портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Канал 5