Ако возот доцни, Хрватите ќе добиваат надоместок – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/19 10:15 AM

Ако возот доцни, Хрватите ќе добиваат надоместок

Од вчера во Хрватска стапи на сила уредбата на Европскиот парламент и Европскиот совет за правата и обврските на патниците во железничкиот превоз.
Според оваа уредба, патниците имаат право на надомест во случај на доцнење на возот.

Патниците имаат право на надомест од 25 отсто од цената на билетот, за доцнење на возот од 60 до 119 минути. За доцнења подолги од 120 минути, надоместокот е 50 отсто од цената на билетот.

Интересно би било кога ваква уредба би се донела и во Македонија…