Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој неодамна почина, остави големо богатство од десет милиони долари, неколку куќи, десет автомобили, фарма и овоштарник, но негов тестамент никаде не е пронајден.
Тоа е списоот на имотот на Мугабе, но многумина во таа земја сметаат дека неговото богатство било многу поголемо и оти имал имот и во други земји. Тој беше на власт 37 години додека во 2017 година не беше симнат со воен пуч.
Ако не се пронејде тестамент, според сегашниот тамошен закон, големото наследтво ќе се подели помеѓу неговата сопруга и децата.