Синоќа во Бакингамската палата, канадскиот премиер Џастин Трудо се чини дека се шегуваше со својот британски колега, Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон за долгите прес-конференции со американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот, јавуваат канадските медиуми.
CBC News објави видео во кое тројцата лидери разговараат за претседателот на Соединетите држави на приемот на Бакингемската палата , но не го спомнуваат тоа по име.
This is quite the video from the CBC showing Trudeau, Macron, and Johnson discussing what appears to be Trump. pic.twitter.com/QDgIXwEwlk
— Kyle Griffin (@kylegriffin1) December 4, 2019
На видеото британскиот премиер Борис Џонсон се гледа дека изразува изненадување од доцнењето на претседателот Макрон поради прес конференцијата на американскиот лидер.
„ Ете зошто доцнам “, рече Џонсон од малата група, во која спаѓаат Макрон, Трудо и премиерот на Холандија, Марк Руте.
Канадскиот премиер истакна дека доцни поради долга прес-конференција.
Во видеото се прикажани и водачите кои зборуваат за реакцијата на тимот на американскиот претседател за време на прес-конференциите.
WOW! The UN audience laughs at Trump after he claims, “my administration has accomplished more than almost any administration in the history of our country.” pic.twitter.com/tXg50ejQqy
— Aaron Rupar (@atrupar) September 25, 2018
Светските лидери се собраа во Бакингамската палата во вторникот вечерта. Претходно истиот ден, Трамп одржа разговори со Трудо и Макрон.
Тие се смеат на Трамп по втор пат на светски форум. Првиот пат беше за време на говорот на американскиот лидер во ООН во 2018 година.
Трамп повтори дека под негово владеење, „Соединетите држави повторно се почитуваат“.