Кичевско во бело – падна првиот снег – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/19 5:00 PM

Кичевско во бело – падна првиот снег

Попладнево во Кичевско падна првиот снег годинава, но засега не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот во градското подрачје и во повисоките рурални средини.

На сите планини со надморска височина над 600 метри има снежна покривка од неколку сантиметри.

– Врнежите од снег ќе помогнат да се намали опасноста од пожари кои ги имавме претходните неколку дена во регионот на Кичево со што очекуваме повеќе да не се соочуваме со нови пожари, изјави Емин Насуфи од општина Кичево.

Насуфи вели и дека сите патни правци во кичевскиот регион се проодни, сите компании кои се задолжени за чистење на снегот се подготвени да реагираат ако има потреба во секој момент, барем за улиците за кои е задолжена општината за чистење од снежни врнежи.

МИА