Со векови луѓето се обидувале да го откријат функционирањето на мозокот. Мозокот го испитуваат со различни научни дисциплини, обидувајќи се да се сфати неговиот начин на функционирање.
Иако се чини дека човекот од модерното време е се поблиску до ова решение и дека со новите методи ќе биде полесно да се расфетли и разбере работата на мозокот.
Руските научници велат дека мозокот останува тајна, а како настануваа свеста – тоа никој сè уште не го знае. Во прилог на овие тврдења е веста од 19 ноември, која беше објавена во списанието Cell reports.
Студијата е спроведена кај шест возрасни лица, кои, кога биле деца, со операција им е отстранет дел од мозокот.
Половина од мозокот е отстранет поради тешка епилепсија. Истражувањата покажале дека работата на мозокот се вратил во нормала и дека некои поединци сега имаат уште понапредни сетила.
Научниците го следеле протокот на крв и врската помеѓу деловите на мозокот одговорни за видот, вниманието и движењата.
Откриено е дека во едната половина од мозокот сè функционира нормално помеѓу регионите и дека тие се дури и подобро меѓусебно поврзани меѓу некои елементи отколку во нормалното работење на мозокот.
Научниците велат дека решенијата што ќе произлезат од ова истражување можат да придонесат за побрзо закрепнување на лицата кои биле подложени на слична операција.
Сепак, останува непознато како се формира свеста.
Извор: denar.mk