Астрономите откриле радио сигнал чие потекло е тешко да се објасни. Една од хипотезите е дека го емитува нов вид ѕвезден систем, велат британските научници.
Меѓународен тим на истражувачи откри радио сигнал кој го емитува небесно тело раздалечено околу 1.800 светлосни години од Земјата, во близина на coѕвездието Јужна Ара. Набудувањето беше извршено со помош на телескопот Меркат, во пустината Каро во Јужна Африка.
Необичен сигнал настанал од две sвезди кои орбитираат меѓусебно. Сепак, излегува дека овој наод е многу тешко да се објасни.
Тимот на научници заклучил дека изворот на сигналот се совпаѓа со позицијата на ѕвездата, наречена TIC 8332-2529-1. Оваа ѕвезда е релативно светла, па многу различни оптички телескопи ја виделе во минатото.
Анализата на оптичкиот спектар откри дека ѕвездата има магнетно поле и дека орбитира околу придружна ѕвезда на секои 21 ден.
Трагите од оваа придружна ѕвезда се многу нејасни, па научниците заклучија дека таа мора да биде многу послаба од џиновската везда. Сепак, тие откриле дека нејзината маса е веројатно барем 1,5 пати поголема од масата на Сонцето.
Ова значи дека е преголема за оваа ѕвезда да биде бело џуџе, кое често е дел од познатите системи на бинарните ѕвезди.
I’m really pumped today to share what I’ve been working on for the last year, the first new transient discovered with MeerKAT, MKT J170456.2-482100!!! 🥳🌟🥳https://t.co/V8Y1ESCKiB
(A thread 1/11) pic.twitter.com/aoCbulNfe8— Dr Laura (@AstroLauraD) November 20, 2019
„Значи, мала е веројатноста дека се работи за таква ѕвезда“, напишале авторите во извештајот.
Радио сигналот би можел да биде предизвикан од магнетната активност на џиновската ѕвезда, слична на сончевите бури, но многу посветла и поенергична, велат научниците. Сепак, ваквите ерупции обично се забележуваат кај џуџестите ѕвезди, но не и кај џиновските.
Сигналот се претпоставува дека потекнува од ѕвезден систем формиран од џиновска ѕвезда и нејзината придружна ѕвезда.
„Може да биде еден вид на егзотичен систем што досега не сме го виделе, вклучувајки и огромна ѕвезда што орбитира околу неутронската ѕвезда или црната дупка“, вели истражувачот Лаура Никол Драјзен.
Научниците, исто така објавија дека ќе продолжат да го следат изворот на сигналот и џиновската ѕвезда во наредните четири години, за да ги потврдат нивните претпоставки.
Извор: denar.mk