Facebook овозможува пренос на фотографиите од вашиот профил на други платформи – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/19 3:00 PM

Facebook овозможува пренос на фотографиите од вашиот профил на други платформи

Facebook им овозможи на своите корисници префрлање на сите фотографии од нивните профили во Google Photos.

Овој потег е дел од “Data Transfer Project”, настанат во соработка помеѓу „Apple“, „Google“, „Microsoft“, „Twitter“ и „Facebook“ за да се олесни преносот на податоци помеѓу нивните екосистеми.

Алатката за трансфер на фотографии со отворен извор во моментов е достапна само за корисниците во Ирска и ќе стане достапна во остатокот од светот на почетокот на 2020 година, објавенo e од Facebook.

Услугата ќе биде овозможена и за други сервиси, меѓу кои и iCloud и OneDrive.

Како оваа соработка на интернет гигатите ќе влијае на безбедноста на личните податоци, останува да се види …

Извор: denar.mk