Кичеец призна вина – постапката за него се издвојува – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/19 12:48 PM

Кичеец призна вина – постапката за него се издвојува

Зоран Милески – Кичеец се изјасни дека се чувстува виновен за делото за кое е обвинет, а Јовановски и Јанева не чувстуваат вина. Кичеец рече дека доброволно го дава признанието без никаква присила, и дека е свесен за казната која следува. Со признанието на вина, предметот технички ќе биде разделен со оглед на текот на ситуацијата. Следи нов предмет за Кичеец, по што тој ја напушта судницата. Во продолжението на судењето воведни зборови ќе имаат Јанева и Јовaновски. Обвинителката Вилма Русковска воведните зборови ги започна со : Имаше еден филм Чарлиевите ангели и имаше една обвинителка Катица Јанева. Русковска рече дека таа паднала во мрежата на т.н естраден уметник Бојан Јовановски Боки 13, и тоа поради алчност. Јанева ја изневери јавноста и ја посрамоти целата фела. Таа издавала докази од предистражната постапка на одредени случаи
Како сведок во овој случај ќе се појави и Ана Камчева сопруга на Јордан Камчев . Русковска рече дека жртви во овој случај сме сите ние во оваа држава. На почетокот на судењето, адвокатот на Орце Камчев соопшти дека бизнсменот бара 1,5 милиони обештетување од Јанева, Милески и Јовановски.