Протест поради употребата на крзна: Во Барселона 70 активисти се соблекоа голи (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/19 10:36 AM

Протест поради употребата на крзна: Во Барселона 70 активисти се соблекоа голи (ВИДЕО)

Околу 70 активисти се соблекоа голи во центарот на Барселона и се полија  со крв, протестирајќи против употребата на крзна во модната индустрија.

Ваквиот перформанс се одвивал на плоштадот Каталонија, во неделата, а снимките подоцна се појавиле на социјалните  мрежи и на медиумите.

Една од девојките држела транспарент на кој пишувало „Колку животи за капут?“

– Повеќе од 70 храбри активисти се ставија себеси на местото на животинските жртви. Суровоста не е елегантна – објави групата на Твитер.

Протестот беше организиран од здружението за права на животните, „Анима Натуралис“ со цел да ги освести луѓето за илјадниците животни кои се сурово третирани и убивани секоја година, поради крзнената индустрија. Тие од шпанските власти бараа да се укине ваквата практика.

Фармите на кои се одгледуваат животни поради крзната се забранети во неколку европски земји, вклучувајќи ги Британија и Германија. Во Шпанија се се’ уште легални.