Операции на катаракта во Штип од следната недела – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/19 3:42 PM

Операции на катаракта во Штип од следната недела

Тендерот  за набавување материјали за операции на катаракта на офталмолошкото одделение во штипската клиничка болница е завршен. Откако четири месеци операции, народски кажано за перде, не се вршеа, од штипската клиничка болница очекуваат да почнат со работа следната недела.

Бидејќи тендерот бил голем и се работи за повеќе фирми кои имаат добиено посебни делови, се чека финализирање на договорите.
„Договорите од моја страна се потпишани, вратени се и потпишани и од фирмите, чекаме потпис само од уште една фирма. Се надевам дека тоа ќе го завршиме во текот на оваа недела. Од другата недела материјалите ќе можат да се порачаат и да се почне со операции“, изјави директорот на штипската клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев.

Оперирани ќе бидат сите оние кои се на листата на чекање, а бидејќи  одделението за офталмологија работи секојдневно, од таму сметаат дека брзо ќе успеат да ја намалат бројката за чекање.