Собрание: Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2020 – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/19 8:10 AM

Собрание: Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2020

Во Собранието денеска ќе продолжи расправата за амандамните на Предлог-буџетот за следната година, а седница ќе одржи и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот.

Ова е петто продолжение на седницата, која треба да заврши до крајот на неделава. Буџетот за следната година, според најавите на првиот парламентарец Талат Џафери би требало да биде на пленарна седница на 16 декември.

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот треба да ја продолжи расправата по претставката од Ѓорѓи Илиевски, вработен во Државниот просветен инспекторат – Виш просветен инспектор за наодите за вршење притисок, мобинг на работно место после констатираните незаконски унапредувања на јавни функционери во наставно – научни звања на Универзитетот во Тетово.

МИА