Непознати сторители извршиле грабеж во музејот на некогашната тајна полиција ,,Штази” во Берлин, во кој се чувале предмети и документи на тајната полиција на некогашната ДДР, соопштија властите.
Ограбувачите влегле низ еден од прозорците, скршиле неколку витрини и одзеле медали и накит, се вели во соопштението на полицијата.
Тие потоа избегале со пленот без да бидат видени од некого.
Не се знае точно кога се случил грабежот. Вработен во Музејот вчера пронашол искршени витрини во изложбената сала, по што се јавил во полицијата.
Оваа кражба се случува само неколку дена по грабежот во Музејот познат како ,,Зелена ризница” во Дрезден, исто така во поранешна ДДР, каде што крадците во понеделникот однеле бесценет накит и предмети, според некои процени вредни околу една милијарда евра.Најавена е награда од 500.000 евра за какви било информации за грабежот во Дрезден.