(видео) Александар Николоски кој инкасирал 127.000 евра патни трошоци, се сомнева во веродостојноста на податоците – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/19 9:16 PM

(видео) Александар Николоски кој инкасирал 127.000 евра патни трошоци, се сомнева во веродостојноста на податоците

По објавувањето на базата на отворени податоци од Министерството за финасии, се покажа дека експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за седум години, додека бил пратеник, примил 127.000 евра преку контото „патување во земјата – патни расходи“. Ова е ставкаа која се користи за исплаќање на патни трошоци.Николоски е на четврто место на оваа листа, веднаш зад Силвана Бонева.
Денеска Николоски беше прашан за оваа исплатена сума на пари, што го издигна на врвот на пратеници, на кои им биле исплатени патни трошоци.


Инаку, пресметките за патните трошоци во Собрание се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом.