Сопственикот на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија направи потег за пример за време на тешките денови со земјотресот кој го погоди Драч.
Албанските медиуми пишуваат дека семејството Дестани донирало сума од три милиони евра за погодените од земјотресот во во Драч.
Медиумите додаваат и дека Дестани веднаш по веста за земјотресот се упатил во Драч за да ја провери ситуацијата.
Исто така, Самир Мане и Балфин Групацијата по предлог на претседателот на управниот одбор, Самир Мане, вчера донесе одлука да се донираат 1.2 милиони евра за сите опфатени од скорешните земјотреси во Албанија.
Во оваа иницијатива се инволвирани сите компании кои се дел од Балфин Групацијата не само со седиште во Албанија, туку и од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Регионалните компании како Нептун, Шпар, Џамбо, Ист Гејт кои се дел од Групацијата се директно инволвирани во помошта како финансиски така и на терен за помош на настраданите.
Нептун Македонија е компанија од нашата држава, која како дел од Балфин Групацијата праќа помош за засегнатите во вид на финансиска помош.
Балфин Групацијата и компаниите кои се дел од неа во државите од регионот се познати по општествената одговорност и хуманостне само во вакви елементарни непогоди, туку во секојдневието на луѓето на кои им е потребна помош.
Групацијата оваа голема хуманитарна акција ја води под мотото “Заедно, ќе се воздигнеме пoсилни” што значи дека помошта за настраданите нема да застане тука, туку ќе се продолжи до стабилизирање на општествените процеси.