Трагите од пукањето во х.,,Александар Палас“ воделе кон Арачиново – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/19 12:47 PM

Трагите од пукањето во х.,,Александар Палас“ воделе кон Арачиново

Алсат дознава дека трагите од денешново пукање во хотелот „Александар Палас“ водат кон Арачиново. Според наши извори  во атар на с.Арачиново пронајдено е опожарено возило „Фолсваген Туарег“  во кое имало две автоматски пушки.  Истотака околу 08:30 часот е пријавено е дека на паркингот испред „Александар Палас“, било оштетено возило „Фиат“.

Еден човек е ранет во престрелката во Александар Палас?!

Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас.

Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.

Официјално не се соопштува за кого се работи ниту за бројот на повредените или евентуално убиените луѓе.

Избегале од тепачката и се вратиле со калашњикови.