ИСИС ја презеде одговорноста за нападот на Лондон бриџ – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/19 11:37 AM

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот на Лондон бриџ

Терористичката група Исламска држава соопшти дека нападот на Лондонскиот мост во петокот го извршил еден од нејзините борци, јави вчера новинската агенција Амак, која ѝ припаѓа на групата. Групата не даде докази за тврдењето.

Во соопштението се додава дека нападот е извршен како одговор на повиците на Исламска држава кон земјите што беа дел од коалицијата што се бореше против џихадистичката група.

Британската полиција во петокот во Лондон застрела маж со лажен самоубиствен елек, кој смртно прободе две лица и рани уште три, пред да биде совладан од случајни минувачи.

Усман Кан (28), кој беше совладан на земја од случајни минувачи, а потоа беше застрелан од полицијата, во 2012 година бил осуден за улогата во заговор инспириран од Ал Каеда да ја разнесе зградата на лондонската берза. Тој бил условно ослободен во декември 2018 година.

мкд