Стотина активисти упаднаа во неколку рудници за јаглен во источна Германија за да го спречат производството , кое ја загадува животната средина.
Стотина активисти влегоа денеска во неколку рудници за јаглен во источна Германија, барајќи да се прекине со производството.
Демонстрантите провалија во два рудника за јаглен во државата Бранденбург и на лигнитните наоѓалишта во Саксонија.
Акцијата беше организирана од групацијата „Енде Галаенде“ во знак на протест против владините климатски политики.
Владата има намера да престане со употреба на јаглен до 2038 година, што според активисти е премногу доцна.
Засега е нејасно дали демонстрантите ќе бидат присилно избркани од рудниците , бидејќи на полицајците им била издадена наредба да не се изложуваат на опасност.
kanal 5