Во Сибир пронајдено одлично сочувано животно старо 18.000 години – дилемата е дали е куче или волк – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/19 8:35 AM

Во Сибир пронајдено одлично сочувано животно старо 18.000 години – дилемата е дали е куче или волк

Во вечно замрзнатиот дел на Сибир, археолозите пронајдоа одлично сочувано животно старо  18.000 години, откако го откопале од под мразот. Но, научниците засега не можат да утврдат дали се работи за куче или за волк. Крзното, носот и забите му останале како животното да угинало неодамна.

Врз основа на ДНК-анализата, не можело да се утврди што точно е, а научниците велат дека животното, кое пцовисало кога имало околу два месеца, веројатно е некаква врска помеѓу волкот и денешното куче – некој преоден облик а еволуција. Утврдено е дека младото куче или волк е од машки пол.