Четири маскирани разбојници со украден автомобил влетале во продавница за спортска опрема во Бугојно, Босна и Херцеговина, па откако набрзина го наполниле возилото, избегале.
Крадците возеле „голф“. Возејќи во рикверц, го скршиле излогот на продавницата, влегле со „голфот“ во неа и за неколку минути „спакувале“ многу артикли, па избегале, потврдуваат од полицијата, која трага по арамиите.