Екс училишна директорка од Македонска Каменица заработи кривична за злоупотреба на набавките – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/19 8:08 PM

Екс училишна директорка од Македонска Каменица заработи кривична за злоупотреба на набавките

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево. соопшти  дека  поднесе кривична пријава против Л.А.Д.(52) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

-Во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016, пријавената, како поранешен директор на училиште во Македонска Каменица, постапила спротивно на Законот за јавни набавки и во повеќе наврати, без одлука и спроведена постапка за јавна набавка, извршила набавка на стоки и услуги, а во одредени случаи вршела делење на истородни набавки на помал износ, со цел да ја избегне постапката предвидена со Законот за јавни набавки. Притоа, во четири случаи набавила компјутерска опрема, училишни и канцелариски материјали, книги и весници, со што овозможила одредени правни лица од кои се набавувале предметите да се стекнат со материјална корист од 639.297 денари, стои во пријавата од полицијата.