Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски останува во болница се’ до комплетирањето на резултатите од спроведените испитувања, соопштуваат од болницата ГОБ „8-ми септември“.
-Јовановски беше хоспитализиран во нашата установа од 26.11.2019 до денес петок 29.11.2019 со упат издаден од докторот во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Лицето Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во установата останува се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, соопштуваат од ГОБ 8-ми септември, од каде најавуваат дека Јовановски ќе биде отуштен најдоцна во понеделник на 02.12.2019 година.
Објавено на: 11/29/19 1:29 PM