Бизнисмените Пацоли и Кастрати донираа 2,5 милиони евра за настраданите од земјотресот – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/19 10:04 AM

Бизнисмените Пацоли и Кастрати донираа 2,5 милиони евра за настраданите од земјотресот

Во текот на ноќта во Албанија беа регистрирани неколку афтершокови од јачина од 2 и 3 степени според Рихтер. Од изутрината владатата одржува седница на која премиерот Еди Рама соопшти дека дека бројот на жртвите се искачи на 49. Проблем е поројниот дожд што паѓаше синоќа и во текот на ниоќта.
„Има 25 жртви во Драч, 23 во Круја и еден во Курбин. Граѓаните мора да ги напуштат своите шатори и да се сместат во хотели. Бизнисмените Беџет Пацоли и Шефќет Кастрати донираа 2,5 милиони евра, но парите сè уште не се префрлени на банкарски сметки затоа што банките не работат “ , рече премиерот.
Помошта собрана од компаниите и граѓанските иницијативи се проценува на 4,5 милиони американски долари. Рама апелираше на внимание на измамници преку Интернет.
Едно лице е уапсено откако се обиде да заработи пари во име на премиерот со отворање на страница на Фејсбук наречена „Преродба“.
Тој на веб-страницата објави две банкарски сметки во име на Еди Рама и многу граѓани уплатија пари на овие сметки, кои се негови приватни.
Полицијата соопшти дека интензивно работи на спречување, идентификување и казнување на сите лица кои намерно или неодговорно се обидуваат да ја искористат ситуацијата.