Градежната комора и Институтот за земјотресно инженерство ќе информираат за квалитетот на градбите – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/19 8:13 AM

Градежната комора и Институтот за земјотресно инженерство ќе информираат за квалитетот на градбите

Градежната комора при Сојузот на стопански комори и Институтот за земјотресно инженерство денеска ќе информираат за квалитетот и сигурноста на градбите во земјава, за важноста од висококвалитетни градежни материјали и за стабилноста и сеизмичката заштита на градбите.

– Природните земјотресни појави кои неделава во Албанија беа со катастрофални последици, не може да се контролираат, но она на што може да влијаеме е квалитетот на градбата, велат од Сојузот на стопански комори.

На прес-конференција ќе се обратат претседателот на Градежната комора Ивица Јаќимовски и директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Влатко Шешов.