По ист основ два пати се делеле надоместоци во СЈО, тврди Јовевски – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/19 5:50 PM

По ист основ два пати се делеле надоместоци во СЈО, тврди Јовевски

Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци, а сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во однос на исплатите на бонусите во СЈО.

– Сомнение фрла тоа што додатоците за плата се класифицирани информации. Втората насока е дека платите и надоместоците се утврдени согласно закон. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци, но кои не може да надминат 35 проценти од плата, односно трите вида дотатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што Обвинителството ја води, вели Јовески во изјава за МИА.