Alexa сега може да биде разочарана или возбудена – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/19 3:16 PM

Alexa сега може да биде разочарана или возбудена

Amazon воведе новитети во својот дигитален асистент кои досега не се видени на ова поле. Alexa сега може да биде воодушевена, но и разочарана.

До сега, дигиталните асистенти беа обична алатка и извршител на командата, а сега новите функции ќе го оживеат овој асистент, но сигурно ќе има поделени мислења во интернет заедницата. Alexa ќе одговара со повеќе емоции во гласот, а корисниците ќе можат да менуваат помеѓу три нивоа на интензитет на реакција. Вака изгледа кога Alexa е разочарана:

Претходните повратни информации говорат дека на Amazon ова му бил добар потег а дека задоволството на корисниците при користење на говорни команди е зголемено за 30 проценти. Оваа можност е веќе достапна за програмерите, а во блиска иднина би требало да се најде на уредите. За почеток, за жал, само во Америка. Заедно со ова, Amazon ќе ја исфрли и можноста Alexa да ви ги чита вестите на начин како што прават радио водителите.

Извор: denar.mk