Македонската фудбалска репрезентација остана на 68-та позиција на најновата ФИФА ранг-листа објавена денеска.
Поразот од Австрија и победата над Израел не и донесоа промени на селекцијата предводена од Игор Ангеловски која заврши на третото место во групата од квалификациите за ЕУРО 2020.
Противникот на „црвено-жолтите“ во полуфиналето од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово бележи пад од едно место и сега е на 115. позиција.
Нема промени ниту во пласманот на првите пет: Лидер е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Уругвај.
Во ТОП 10 се и: Хрватска, Португалија, Шпанија Аргентина и Колумбија.
Извор: denar.mk