Урнебесно видео: Свиња гони и не му дозволува да се вклучи во програма во живо на грчки новинар – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/19 11:35 AM

Урнебесно видео: Свиња гони и не му дозволува да се вклучи во програма во живо на грчки новинар

Грчкиот новинар Лазос Мантикос известувал од поплавено подрачје недалеку од Атина, но во кадарот му влета непоканет гостин – свиња, која не сакаше да го остави на мир.

За работата да биде уште полоша, но и посмешна, се’ се случувало во текот на јавување во живо во емисијата „Добро утро, Грција“, па колегите на Мантикос не можеа да се смират од смеење. Директното јавување морало да биде прекинато бидејќи несреќниот репортер никако не можел да се ослободи од упорната свиња, која веројатно избегала од блиската фарма.