Три скриени причини зошто немате рамен стомак – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/19 3:30 PM

Три скриени причини зошто немате рамен стомак

Рамниот стомак е сон на секоја жена, но некогаш и покрај диетите и вежбањата, до ваков стомак тешко се доаѓа. Проверете ги трите скриени причини поради кои не можете да имате рамен стомак.

Несоница

Добриот сон е многу важен за нормалната работа на организмот. Доколку имате несоница и спиете малку, во телото се намалува лачењето на хормонот лептин, а се засилува лачењето на хормонот грелин кој е одговорен за зголемениот аптетит.

Лекови

Некои лекови можат да предизвикаат дебелење и наталожување на масти. Тоа се најчесто лекови кои се користат за лечење на дијабетес, мигрена, висок крвен притисок, депресија, но и стероиди и апчиња за контрацепција.

Генетика

На некои жени килограмите право им се „лепат“ на задникот и колковите, додека на други – токму околу струкот. Причина за тоа е и генетиката. Градбата на телото ја наследуваме од родителите и блиските роднини, а со тоа и склоноста кон дебелеење.

Извор: makmoda.com