Овој пијалок од 3 состојки го јакне имунитетот и го зајакнува телото – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/19 1:49 PM

Овој пијалок од 3 состојки го јакне имунитетот и го зајакнува телото

Вкусен и топол пијалок од ѓумбир ќе ве затопли во текот на зимата и ќе ви помогне да се одбраните од настинките и другите болести кои демнат.

Состојки:

– свеж ѓумбир
– 1 литар вода
– 3 мали лажици домашен мед
– 1 лимон

Подготовка:

Излупете корен од ѓумбир и исечете го на тенки парчиња. Ставете го ѓумбирот во тенџере и прелијте го со вода, па варете го овој ароматичен корен најмалку 15 до 20 минути на умерена температура. Потоа отстранете го од топлината и оставете да отстои уште најмалку 5 минути. Одделете го ѓумбирот од течноста, засладете ја течноста со домашен мед и закиселете со лимон по желба и пијте го жешко.

Причини поради кој треба да готвите пијалок од ѓумбир:

1. Го зајакнува организмот и го јакне имунитетот

2. Го забрзува закрепнувањето при настинки и вируси

3. Го смирува гадењето и нервозата во желудникот

4. Има корисен ефект врз нервниот систем

5. Го потикнува варењето, функционирањето на цревата и ја намалува надуеноста

6. Ја поттикнува циркулацијата

7. Ќе ве затопли во зима

Извор: denar.mk