Twitter во наредните денови ќе започне да брише профили кои биле неактивни повеќе од шест месеци. Затоа, ако сакате да го зачувате својот профил, најдобро би било да твитате пред 11 декември.
За време на големата акција ќе бидат отстранети профилите на корисниците кои престанале да објавуваат содржини на популарната мрежа, во која ќе бидат вклучени и профилите на оние кои починале.
Ова ќе биде првпат Twitter да отстранува налози во толку големи размери. Од мрежата велат дека главната причина за започнување на оваа акција е тоа што корисниците кои не се најавуваат на својот профил не биле во можност да ги прифатат ажурираните политики за приватност.
Портпаролката на Twitter посочува дека ќе го подобри кредибилитетот на платформата со отстранување на неисправни профили кои на индивидуалните корисници може да им дадат непотребно чувство на важност. Во исто време, ќе се ослободат голем број на кориснички имиња кои ќе бидат повторно достапни по 11 декември.
Twitter ќе смета за неактивен корисник секое лице кое не е најавено барем еднаш во изминатите шест месеци. Според BBC, во првата серија на избришани профили ќе бидат вклучени оние кои се регистрирани надвор од САД.
Извор: denar.mk