(Видео) Експлозија во хемиска фабрика во Тексас, се почувствувала дури до Луизијана – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/19 12:51 PM

(Видео) Експлозија во хемиска фабрика во Тексас, се почувствувала дури до Луизијана

Во хемиска фабрика во Порт Нечес во Тексас, САД, изби голема експлозија, а засега нема пријави за повредени лица.
Најголема штета имаат околните згради, а оштетени се објекти во пречник од дури 64 километри.
Експлозијата се почувствувала и во соседната држава Луизијана.

Локалното население мислело дека се работи за бомба.
Локалната пожарникарска служба објави дека моментално се врши евакуација на секој кој се наоѓа на километар од местото на несреќата.