Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Хрватска во Скопје, Нивес Тигањ.
Двајцата соговорници разменија мислења за европската перспектива на нашата земја и земјите од регионот, во контекст на претстојното претседавање на Хрватска со Советот на Европската Унија од јануари 2020 година, соопшти МНР.
Димитров изрази благодарност за конзистентната поддршка на нашите европски перспективи. Тој изрази и очекување за валоризирање на сработеното со што ќе се овозможат предуслови за конкретен исчекор на европската агенда.
На средбата беше изразено заемно задоволство од односите меѓу двете пријателски земји, оценети како одлични и без отворени прашања. Исто така беа разменети мислења за натамошно унапредување на секторската соработка, интензивирање на трговската размена и додавање нов квалитет на соработката во образованието, културата, земјоделството.
На амбасадорката Тигањ, Димитров и посака срдечно добредојде и желби за успешно извршување на новата дипломатска мисија.
МИА