Во болница завршија 25 мигранти по излетување на комбе кај Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/19 10:48 AM

Во болница завршија 25 мигранти по излетување на комбе кај Куманово

Сите капацитети на кумановската билница се ставени во функција, по излетувањето на комбе кај Куманово, во кое се превезувале 25 мигранти. Засега не е позната природата на повредите на мигранти, а од полицијата добивме само кратка потврда со неколку детали, со образложение дека за подоцна ќе инфрормираат повеќе за незгодата.
-Околу 06,40 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, кај м.в „Градиште“, од коловозот излетало ТМВ„Фолваген“ во кое се превезувале околу 25 мигранти. Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница – Куманово, каде се утврдува карактерот на повредите. Возачот е во бегство, соопштија од кумановската полиција.