Виетнам: Пристигнаа првите 16 тела на загинатите во „камионот на смртта” кај Лондон – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/19 9:53 AM

Виетнам: Пристигнаа првите 16 тела на загинатите во „камионот на смртта” кај Лондон

Со болка и тага и со солзи и бели рози, роднини и пријатели утрово ги дочекаа првите 16 тела од 39. Виетнамци кои минатиот месец беа пронајдени мртви во „камион на смртта” кај Лондон.

-Во длабока жалост сме, но мораме да ги потиснеме чувствата за да го организираме погребот на мојот син – изјави Гиа, татко на еден од загинатите.

Полицијата во Виетнам уапси десетина лица поврзани со настраданите. Завчера британскиот возач на камионот  призна завера, помагање во незаконска имиграција и стекнување со криминален имот.

Семејствата ќе мора да го платат враќањето на телата на настраданите, што единечно ќе чини 2.830 долари.

Луѓето си заминуваат од Виетнам најчесто заради лошите шанси за вработување и ниските плати.