Претседателот на САД Доналд Трамп испратил писмо до претседателот на Сенатот, во кое се вели дека влезот на Македонија во НАТО Алијансата нема да има ефект на зголемување на процентот на уделот на САД во Буџетот на НАТО, пишува „Гласот на Америка“.
„Вклучувањето на Северна Македонија во НАТО не ја намалува способноста на САД да ги исполнат нивните воени обврски надвор од Северноатлантскиот регион“, напишал Трамп во писмото.