Турција почна да ги тестира С-400, САД се заканува – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/19 7:38 AM

Турција почна да ги тестира С-400, САД се заканува

Турција ги тестира руските системи С-400 и покрај постојаните повици на Вашингтон да не ги активира, заканувајќи им се со санкции.

„ Загрижувачки. Но, ние не губиме доверба и, сепак, ќе разговараме со Турците за да изнајдеме решение. Јас нема да шпекулирам што ќе направи претседателот.”, рече вчера американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според извештаите на турските медиуми, Турција почна со испитување на системите С-400 купени од Русија.. Воени авиони, вклучително и американски Ф-16, прелетале над турската база за да ги тестираат радарите на овие системи.