Владата на денешната седница одлучи да се формира работна група којашто ќе го истражува случајот составена од заменик министерот за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во Култура Валмир Азири, како и директорката на МНТ, Симона Угриновска. премиерот Зоран Заев најави дека виновникот ќе одговара.
Министерот за култура, пак, Хусни Исмаили, категорично одрече било каква поврзаност со настанот во МНТ, велејќи дека не чувствува одговорност.
Инаку, вчера, директорката на МНТ, Симона Угриновска, информира дека кога забележала дивеење во гледалиштето веднаш го контактирала пратеникот Артан Груби, кој пак и одговорил дека не се случува ништо лошо.
Одговорност од власта побара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Дивеењето на навивачката група на Шкупи се случи во петокот вечерта, кога Шверцери го славеа 30-тиот роденден, а вчера во театарот увид направи и крим-техника.