Комби се преврте на патот Делчево – Каменица кај село Очипала, сообраќајот во прекин – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/19 11:03 AM

Комби се преврте на патот Делчево – Каменица кај село Очипала, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајна незгода патот Делчево – Македонска Каменица е во прекин. Мало товарно возило од засега непознати причини се превртело и го блокира сообраќајот. Возачи јавуваат дека станува збор за возило на Штипска млекара.

-Овде сме од 10 часот, патуваме за М.Каменица и наидовме на блокиран пат. Комби превретно стои на патот и се чека да заврши полицискиот извештај. не ја знаеме причината освен што се гледа дека е мало товарно возило на Штипска Млекара, велат очевидци.
Од полицијата во Делчево детали најавуваат во текот на денешниот ден. Засега поради зафатеност на телефонските лини на Здравствен дом „Гоце Делчев” нема информации дали е повреден возачот на возилото.