Два нови контејнера опожарени во Скопје (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/19 11:01 AM

Два нови контејнера опожарени во Скопје (ВИДЕО)

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје информираат дека утринава повторно се соочиле со опожарување на два контејнера, на ул. Никола Карев, во близина на Железничката станица.

Во текот на првите десет месеци од 2019 година од страна на непознати сторители опожарени се над сто садови наменети за одлагање на комуналниот отпад во Град Скопје, само во првите седум дена од месец ноември изгореле десет контејнери, соопштуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

SAMSUNG CSC

Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје му е нанесена финансиска штета во висина од 1,5 милиони денари. Палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и одржувањето на хигиената во градот.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелираат да престане вандализмот и уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, за доброто на граѓаните.