Во тетовско Теарце целосно изгоре внатрешниот дел од една семејна куќа. – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/19 9:38 PM

Во тетовско Теарце целосно изгоре внатрешниот дел од една семејна куќа.

Во тетовско Теарце целосно изгоре внатрешниот дел од една семејна куќа. Тетовските пожарникари интервенираа и во производствен погон за дрвени врати и прозорци.

При гасење на пожарот во семејниот дом повредена е сопственичката, која со возило на брза помош е пренесена во Клиничката болница во Тетово.

– Во раните утрински часови околу 5 часот од граѓани во Теарце е пријавено пожар во куќа, од наша страна е излезена екипа со 2 противпожарни возила и пожарот бргу е ставен под контрола. Штетата е голема во внатрешноста на објектот. Околу 19 часот во ППЕ Тетово пријавен е пожар во објект помеѓу селата Непроштено и Лешок, наша екипа излезе на терен со 3 возила и пожарот беше локализиран. Извести Ука Алипи, командир на ППЕ Тетово

Во двата пожари е предизвикана поголема материјална штета.

Зоран Димовски