Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи за наводите за инцидент во Македонскиот народен театар во петокот по прославата на Денот на албанската азбука, оценува дека не треба од секоја ситуација да се создаваат услови за дебата која може да повлече меѓуетнички тензии и смета дека од она што можело да се види на објавените снимки нема ништо повеќе од гласно славење.
-Не треба од секоја ситуација да создадеме предуслови за некаква си дебата која може да повелече меѓуетнички тензии. Ако навистина немало демолирање како што видовме во извештаите, туку имало само гласно славаење и треба да констатираме дека не било најсреќно решение за таква прослава и да се научи лекцијата можеби за следниот јубилеј, рече Османи на вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма, во врска со прославата на навивачката група „Шверцери“ во МНТ.
Според него, доколку имало говор на омраза и демолирање треба да се види дали организаторот ги презел сите превентивни мерки, но сепак, повтори, да не се прејудицира бидејќи од тоа што го видел во телевизиските извештаи нема ништо повеќе отколку гласно славење.
МИА