Пронајдени делови од човечко тело кај Богданци – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/19 3:57 PM

Пронајдени делови од човечко тело кај Богданци

Во атарот на Богданци вчера бил пронајден човечки череп, коска и делови од облека,
соопштија СВР Струмица.
Пронаоѓањето на делови од човечко тело било пријавено во Полицисиската станица
Гевгелија, а според полицијата пронајдената облека соодветствувала со таа што ја носел
М.И. (61) од Богданци, кој неодамна се оддалечил од својот дом и имал нарушено здравје.
Увид извршила екипа на Полициска станица Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител
пронајдените делови од телото се предадено на вештачење.