Маск по инцидентот изгуби дел од богатството – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/19 12:15 PM

Маск по инцидентот изгуби дел од богатството

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск го претстави електричниот пикап Cubertruck, a после тоа изгуби дел од своето богатство.

Времето ќе покаже колку Cubertruck ќе биде успешен на пазарот, но Wall Street е скептичен, барем засега. Акциите на компанијата Tesla паднаа откако е претставен новиот пикап.

За време на претставувањето во живо се случи неочекувана ситуација, кога пукнаа наводно непробојните стакла на Cubertruck, а веднаш потоа основачот на Tesla остана без 770 милиони долари.

Акциите на Tesla паднаа за шест проценти на пазарот и сега нивната вредност изнесува 23,6 милијарди долари.

Маск има 48 години и моментално е 41 на листата на најбогати луѓе во светот.

Компанијата Tesla прими скоро 150.000 нарачки за својот нов електричен пикап Cubertruck и покрај непријатностите кои се случија при неговата промоција, изјави сопственикот на компанијата Елон Маск.

Пикапот на Tesla ќе се продава по цена од 39.900 долари, а има опсег од 402 километри. Најскапата варијанта ќе чини 69.900 долари и со наполнета батерија ќе може да помине 800 километри.

Маск изјави дека претпродажбата започнува веднаш, а производството започнува кон крајот на 2021 година. Порано се случуваше роковите кои ќе ги најави Маск за новите автомобилски модели да бидат прекршени.

Извор: denar.mk